• вторник, 12 ноември 2024

Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на лицата со попреченост

Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на лицата со попреченост

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Во македонското Собрание денеска ќе се одржи Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на лицата со попреченост.

На седницата ќе се обрати Африм Гаши, претседател на Собранието, Весна Бендеска, потпретседателка на Собранието и поранешна претседавачка со Меѓупартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, Јован Митрески, поранешен претседавач со Меѓупартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост и Никола Мицевки, координатор на Пратеничката група ВМРО-ДМПНЕ и претседавач со Меѓупартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост.

По обраќањата ќе следи дискусија на темата, а ќе се обрата и лицата со попреченост во насока на очекувањата и нивните видувања за процесите во поглед на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. сст/са/

фото МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан