• сабота, 27 јули 2024

Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи

Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. 

Како што соопштуваат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури. УВ индексот ќе биде девет.

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Од утре до средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање. бт/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан