• петок, 13 февруари 2026

Собранието ќе ја одржи 81. седница

Собранието ќе ја одржи 81. седница

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи новата 81. пленарна седница, на чиј дневен ред се 10 точки.

Пратениците ќе расправаат за предлог-одлуката за изменување на одлуката за одобрување да се продолжи рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за системот за процена на лицата со попреченост, предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, сите во второ читање, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полицијата, и двата по скратена постапка.

Исто така, пред пратениците се и финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2026 година, предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година и предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година. фф/са/ 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан