• четврток, 26 декември 2024

Сесија на НКЕУ-МК на тема „Зајакнување на отпорноста и подобрување на капацитетите за одговор на хибридни закани“

Сесија на НКЕУ-МК на тема „Зајакнување на отпорноста и подобрување на капацитетите за одговор на хибридни закани“

Скопје, 24 април 2023 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК), денеска во Скопје ќе биде домаќин на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), која ќе ја одржи единаесеттата сесија на тема „Зајакнување на отпорноста и подобрување на капацитетите за одговор на хибридни закани“, во организација на Европското движење.

Настанот ќе го отвори претседателката на Европското движење во Република Северна Македонија, Милева Ѓуровска, а најавени се воведни обраќања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Маја Манолева заменик министер за здравство и Гаврил Бубевски јавен обвинител во Основното јавно обвинителство - Скопје.

Копретседавачи на сесијата се Магдалена Несторовска државен секретар во МВР и амбасадорот Андреј Лепавцов претседател на Паневропската унија на Македонија. вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан