СЕММ ќе промовира Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и безбедносни информации
- Советот за етика во медиумите на Македонија, денеска ќе промовира Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и безбедносни информации.
Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) – Советот за етика во медиумите на Македонија, денеска ќе промовира Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и безбедносни информации.
Како што информираат од СЕММ, прирачникот е создаден со цел да ги поткрепи новинарите, уредниците и сите медиумски професионалци со практични алатки и насоки во борбата против дезинформациите.
– Изданието ги содржи најдобрите светски практики и конкретни примери за избегнување на замките на дезинформациите, како и безбедносни препораки за заштита на податоци и информации. Прирачникот ќе биде особено корисен за новинарите кои известуваат за чувствителни теми од областа на безбедноста и ќе им помогне да креираат точни, балансирани и етички создржини, велат од СЕММ.
Автори на Прирачникот се новинарот Зоран Бојаровски и Миле Бошњаковски, консултант за стратешки комуникации. Изданието е поддржано од Амбасадата на САД во Скопје, како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија“ имплементиран од Советот за етика во медиумите на Македонија.
Прирачникот ќе биде достапен во печатено и онлајн издание. ра/бак/
Фото: МИА