• петок, 27 декември 2024

Судски совет треба да формира комисија за вонредно оценување на кандидати за членови на Советот

Судски совет треба да формира комисија за вонредно оценување на кандидати за членови на Советот

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска со почеток во 10 часот ќе ја одржи 503-та седница. На дневен ред се утврдување на престанок на судиска функција поради старосна пензија, донесување одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Апелационен суд Гостивар и Основен суд Кратово, и одлучување по барањата за патни трошоци на судиите.

Исто така, треба да се формира комисија за вонредно оценување на кандидати по објавен оглас за избор на членови на Советот од редот на судиите и да има разгледување  и одлучување по донесена одлука на Општа седница на Врховниот суд на РСМ, во врска со времено упатување на судија за вршење на судиска функција во друг суд.

На денешната седница е предвидено да се расправа и по претставките и поплаките на граѓаните и правните лица, а на крајот од седницата треба да се одлучува по известувањата на Комисијата за утврдена фактичка состојба по поднесено барање  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и да се формираат комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и точка разно.ар/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан