• четврток, 19 декември 2024

Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика

Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за труд и социјална политика. 

На дневен ред се два закони по скратена постапка и тоа Предлог на закон за регистар на задолжително социјално осигурување и Предлогот на закон за системот за проценка на лица со попреченост. Пратениците треба да ги разгледаат и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејство, во второ читање, како и годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2022 година и Финансиски извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022година ревидирана од овластен ревизор. ев/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан