Седници на две собраниски комисии
- Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за образование, наука и спорт.
![Седници на две собраниски комисии](https://new.mia.mk/index.php/images/20240115170524_big_730x400_65.webp )
Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за образование, наука и спорт.
На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Република Либан и Предлогот на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправаат по Предлог-законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка. фф/свс/
Фото: МИА архива