• среда, 25 септември 2024

Свечено отворање игралиште за кошарка и фитнес во Виница

Свечено отворање игралиште за кошарка и фитнес во Виница

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Во организација  на Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, а во рамките на проектот „Направи разлика“ финансиски поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), денеска во Градски парк во Виница свечено ќе биде отворено игралиште за кошарка и фитнес.

На настанот ќе се обратат градоначалникот на општина Виница Миле Петков, директорот на Канцеларија за демократија и добро владеење на УСАИД Марк Елингстад, како и извршниот директор на Фондација за развој на локалната заедница Невенка Лонгурова Гирова.

Според најавата потоа во Винчини Развоен центар - Прогресив Академија „Форум за млади“ ќе бидат презентирани постигнатите резултати од втората година од реализација на проектот. 

-Форумот има за цел да опфати поголем број млади кои сакаат активно да се вклучат во креирањето на подобра иднина за сите и за нашите идни генерации. Фокусот е насочен кон создавање услови за ефективно учество во донесување и имплементирање на предлози и одлуки, решавање на тековни предизвици и проблеми, предлагање иницијативи и заедничка стратешка работа за успешно решавање и реализација, се наведува во соопштението од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. дма/ев/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан