• петок, 27 декември 2024

Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во Варна

Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во Варна

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Во галеријата Арт Маркони во Варна, Република Бугарија, денеска ќе биде отворена 90-та самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов.

На изложбата Хаџи-Николов ќе се претстави со 15 слики, масло на платно од циклусот "Приказни за виното".

Ова е 14-та самостојна изложба на сликарот во Варна.

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1984 година, а членува и во Словенската литературна и уметничка академија со седиште во Варна(Бугарија).

Во повеќе од 40 - годишното творештво Хаџи-Николов има одржано самостојни изложби во земјава и во странство низ културните центри како Белград, Софија, Истанбул, Лондон, Париз и други градови.

За неговата уметничка дејност е наградуван 17 пати, меѓу другото е добитник и на Државната награда „23 октомври“ (2015) за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста, Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи
остварувања во областа на сликарството за 2017 година, Награда за сликарство на изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ во 2018 година и во 2022 година Плакета за животно дело од здружението „Мост“ - Струмица. вг/са/

Фото: Стефан Хаџи - Николов

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан