• сабота, 23 ноември 2024

Редовно годишно собрание на МАНУ

Редовно годишно собрание на МАНУ

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание.

Претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, ќе има експозе за МАНУ во 2023 година и предизвиците во претстојниот период.

На дневен ред на собранието на Академијата се Предлог-извештај за работата во 2023 и Предлог-програма за работата во 2024 година од Претседателството на МАНУ. 

За финансиските планови на Академијата во оваа година излагање ќе има секретарот на МАНУ, дописен член Блажо Боев. хс/са/ 
 
 Фото: МИА архива
 

Остани поврзан