• сабота, 23 ноември 2024

Регионална работилница за управување со големи месојади

Регионална работилница за управување со големи месојади

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Регионална работилница за размена на искуства за управување со големи месојади (мечка, рис, волк) ќе се одржува денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Ќе учествуваат експерти од областа и преставници на надлежни институции од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, програмата вклучува практичен и теоретски дел и обука за идниот тим за интервенции, што ќе се одржи на 7 декември во ЗОО Скопје.

Работилницата се спроведува како соработка на Министерството за животната средина и просторно планирање и Динарско-балканско-пиндската платформа со цел да се отвори можност за заедничка дискусија на ниво на раководители на надлежни служби, експерти, како и научници за пристапите за управување со популацијата на големите месојади во Северна Македонија. 

Меѓу целите се и постигнување договор за формирање на координативно тело за големи месојади, формирање на тим за интервенција, собирање и споделување податоци, следење и воспоставување долгорочна стратегија за управување со големи месојади во регионот. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

 

--

Остани поврзан