• четврток, 26 декември 2024

Регионална конференција на ЦИВИЛ за трансформациите во економијата

Регионална конференција на ЦИВИЛ за трансформациите во економијата

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Со учество на високи претставнички и претставници на македонската Влада, експертската заедница од регионот и бизнис секторот, ЦИВИЛ денеска ја организира конференцијата „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.

- Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан, 22-26 мај, под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД. Учесници на Конференцијата се високи претставници од Владата, бизнис секторот, медиумите и граѓанското општество и ќе говорат во четири получасовни сесии, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.

На првата сесија „Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ ќе учествуваат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

На втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан - регионални искуства“ ќе учествуваат Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, како и Газменд Берлајоли од Косово.

На третата сесија „Иновациите во бизнис секторот и циркуларната економија: Позитивни примери за иднината“ ќе говорат претставниците од бизнис секторот и тоа Филип Ивановски, „Пакомак“, Аријан Тоска, МДЦ-Трговија и инвестиции и Живко Серафимовски, Нутривет.

- На четвртата сесија се говори на три теми и тоа: Габриела Кулебанова, потпретседател на Сојузот на стопански комори, на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, Соња Танеска, главна уредничка на Градска.мк на тема „Медиумите и циркуларната економија“ и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, на тема „ Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“.Модераторка на сите четири сесии на Конференцијата е Биљана Јордановска, координаторка во ЦИВИЛ и одговорна уредничка на Green CIVIL. На крајот од секоја сесија има можност за две прашања или коментари до две минути. Неделата на циркуларната економија е уникатна регионална иницијатива, преку која мрежата ЛогЕкс (LogEx), придонесува кон трансформацијата на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање и спроведување на циркуларна економија, се појаснува во соопштението. бд/са/

Фото: Лого

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан