Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“
- На Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“.

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - На Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“.
Целта е да се понуди цврста платформа за обединување на младите од Западен Балкан гласно да зборуваат за состојбата и предизвиците и да повикаат на дијалог во кој ќе бидат рамноправни партнери во донесувањето одлуки заради постигнување целосен пристап до квалитетно образование и можности за вработување, уживање на сеопфатни здравствени услуги без исклучок, развој на културниот живот и сериозно разработени климатски акции за одржлива иднина.
Конференцијата е дел од регионалниот проект „Зајакнување на младите за демократска и одржлива иднина на Западен Балкан“ поддржан од Фондот за Западен Балкан, а имплементиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување - Северна Македонија, Центарот за популациски политики и одржлив развој - IPPF Србија, Организација за унапредување на квалитетот на образованието (ОРКА) - Косово и Граѓанска отпорност - Албанија. мд/са/
Фото: МИА архива