• четврток, 02 април 2026

Промоција на поштенската марка „Кедев - 14 највисоки врвови“ во Порта „Македонија“

Промоција на поштенската марка „Кедев - 14 највисоки врвови“ во Порта „Македонија“

Скопје, 2 април 2026 (МИА) - Во Порта „Македонија“ денеска ќе биде промовирана поштенската марка „Кедев - 14 највисоки врвови“, издание на АД „Пошта“ - Скопје, посветено на македонскиот кардиолог, доктор на медицински науки и алпинист д-р Сашко Кедев, кој во 2025 година стана првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва повисоки од 8.000 метри. 

Како што е наведено во соопштението на АД „Пошта“ - Скопје, поштенската марка ќе биде промовирана од страна на директорот за поштенски операции и член на Управниот одбор, Бојан Кереместески, со почеток во 13 часот.

Во јули минатата година Сашко Кедев стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион, кој ги искачи сите 14 светски врва повисоки од 8.000 метри, откога успешно го освои Гашербрум I (8.080 метри) во Пакистан. 

Со овој извонреден потфат, како и со претходното освојување на највисоките врвови на сите седум континенти, Кедев се вброи меѓу светската алпинистичка елита. За неговите исклучителни достигнувања во медицината и алпинизмот тој е и добитник на високото државно одликување Орден „8 Септември“. ра/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан