• четврток, 19 декември 2024

Промоција на платформа за групно донирање во граѓански организации

Промоција на платформа за групно донирање во граѓански организации

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Во Ист гејт мол денеска од 11 до 15 часот ќе биде промовирана платформата „Оп-оп“ за групно донирање во граѓански организации.

Промоцијата платформата е во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект, а во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

-Присутните на настанот ќе имаат можност да ги истражат можностите на платформата и да изберат од многуте добротворни иницијативи на граѓанските организации што сакаат да ги поддржат. Со новата платформа донирањето е полесно од кога и да е, може да се донира со само еден клик. Откако ќе донираат, присутните, а особено најмладите, ќе имаат можност да се вклучат во интерактивни игри, како школка, јаже или скокање во вреќа, соопшти Конект. хс/ев/

Фото: Конект 

 

 

 

 

Остани поврзан