Промоција на каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“
- НУ Археолошкиот музеј денеска напладне ќе промовира каталог „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ објавен под покровителство на Министерството за култура и туризам.

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - НУ Археолошкиот музеј денеска напладне ќе промовира каталог „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ објавен под покровителство на Министерството за култура и туризам.
Од институцијата наведуваат дека изданието е сведоштво за долгогодишната посветеност кон истражувањето, зачувувањето и претставувањето на нашето културно богатство.
-Ова издание е резултат на тимска работа, љубов кон археологијата и желба за едукација и инспирација, соопшти Археолошкиот музеј.
Како што е најавено, обраќање ќе има министерот Зоран Љутков, а промотор на каталогот ќе биде проф. д-р Драги Митревски. хс/нд/
Фото: НУ Археолошки музеј