• четврток, 28 ноември 2024

Промоција на Извештај за безбедност на младите во ноќниот живот

Промоција на Извештај за безбедност на младите во ноќниот живот

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) – Извештајот на ХОПС – Опции за здрав живот - Скопје за безбедноста на младите во ноќниот живот ќе биде промовиран денеска во Јавна Соба.

Како што информираат од ХОПС, ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето за безбедноста на младите во ноќниот живот, а ќе се одржи и тркалезна маса, каде ќе биде промовиран прирачник за учество во јавни политики, наменет за организации коишто работат со млади учесницу во ноќниот живот и други маргинализирани млади луѓе. 

Извештајот е изготвен во рамки на проектот „Млади за млади, заедно да работат“ којшто има за цел да ги зголеми капацитетите и компетентноста на регионалните младински организации, кои работат со млади луѓе учесници во ноќниот живот и/или користат дроги, како и млади луѓе во ризик. Целта е нивното учество во младински политики и застапување за реформа на јавната политика. ар/бак/

Фото: ХОПС

Остани поврзан