• четврток, 26 декември 2024

Променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер

Променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен Целзиусов.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Утре времето ќе биде посончево и потопло. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан