• сабота, 27 јули 2024

Прогласување на добитникот на поетската награда „Млада Струга“

Прогласување на добитникот на поетската награда „Млада Струга“

Струга, 8 јули 2024 (МИА) - Во просториите на Европска куќа во Струга денеска ќе биде прогласен добитникот на наградата „Млада Струга“ за 2024 година. Оваа награда се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, на возраст од 18 до 30 години.

Наградата се доделува во рамките на Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), а во соработка со Европска куќа и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во земјава.

Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024, беше распишан на 9 мај и беше отворен заклучно со 14 јуни.

Оваа година наградата „Млада Струга“ беше возобновена преку соработка на „Струшките вечери на поезијата“ со Делегацијата на ЕУ која што од оваа година ќе биде покровител на наградите „Енхалон“ и „Млада Струга“ преку Европска куќа-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Европска куќа.

Oсвен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на Струшките вечери на поезијата и учество на Фестивалот, по урнек на поранешниот конкурс на Книжевната младина на Македонија.

-Поттикнувањето на културната разновидност и создавање на еднакви можности за сите граѓани е една од темелните вредности и на Европската Унија под чие покровителство е и наградата Млада Струга, преку Европска куќа, соопштија организаторите. бт/нд/

Фото: Плакат

Остани поврзан