• вторник, 24 декември 2024

Претставување на мурал на актерот Мето Јовановски

Претставување на мурал на актерот Мето Јовановски

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Пред Кинотека денеска ќе бидат претставени новоизведениот монументален мурал на актерот Мето Јовановски, како и наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот.

Муралот е уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ.

Како што е најавено, Советот на Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ и Кинотека на Македонија, кои се организатори на настанот, ќе ги презентираат поривите и мотивите за овие две посебни меморијални дела направени во чест на еден од најголемите актерски имиња во земјава и балканот, Мето Јовановски.

Мето Јовановски е театарски, филмски и телевизиски актер, кој почина на 77-годишна возраст. Роден е на 17 јануари 1946 година во селото Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршува Театарска академија во Софија и истата година се вработува во Драмскиот театар во Скопје. Неговата актерска кариера започна на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапува уште пред да се запише на студиите. За многу кратко време, станува еден од водечките драмски уметници во земјава. Има остварено огромен број филмски улоги, а има играно во над 60 филмови. бт/бак/

Фото: принтскрин

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан