• четврток, 26 декември 2024

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во официјална посета на Северна Македонија

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во официјална посета на Северна Македонија

Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - Претседавачот на Воениот комитет на НАТО адмирал Роб Бауер, кој престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе има средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Според агендата, по средбите ќе следува прес-конференција. 

За време на посетата на Генералштабот и Министерството за одбрана, претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, ќе се запознае со плановите и развојот на способностите на Армијата на Република Северна Македонија, процесот на трансформација и опремување, како и со учеството на Армијата во операциите и вежбовните активности.

Во текот на денот, адмирал Бауер ќе оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Бауер ќе ја посети и касарната „Илинден“, каде ќе присуствува на дел од предвидените активности на баталјонот на специјални сили, а следниот ден ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде ќе одржи предавање пред припадниците на Генералштабот и Воената академија. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан