• вторник, 24 декември 2024

Презентација на реализирани активности за енергетска ефикасност во Радовиш, Конче и Василево

Презентација на реализирани активности за енергетска ефикасност во Радовиш, Конче и Василево

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Министерството за локална самоуправа соопшти дека денеска ќе бидат презентирани  реализираните активности за создавање енергетски ефикасен регион на подрачјето на општините Радовиш, Конче и Василево.

Активностите и придобивките од нив се во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, реализирани од Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.

На презентацијата во Спортско-рекреативниот центар „25 Мај“ во Радовиш ќе присуствуваат градоначалниците на општините Радовиш, Конче и Василево, Ацо Ристов, Златко Ристов и Славе Андонов, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и директорот на Центар за развој на Југоисточен плански регион, Ѓоко Камчев. хс/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан