• недела, 01 септември 2024

Предавање по повод 80 години АСНОМ во Куќата на Уранија во Охрид

Предавање по повод 80 години АСНОМ во Куќата  на Уранија во Охрид

Скопје, 2 август 2024 (МИА) - По повод одбележувањето 80 години АСНОМ, денеска напладне во Куќата на Уранија при МАНУ во Охрид ќе се одржи предавање, а  гостин предавач ќе биде проф. д-р Владо Поповски.

Организатор на предавањето е одделение за општествени науки на МАНУ.

Предавањето е во рамки на Програмата на Научната и уметничка визита за 2024 година на Научниот и уметнички центар „Уранија“ при МАНУ.

Согласно Програмата, во текот на август ќе се одржи и научна дебата „Високото образование и науката“,  во организација на одделение за општествени науки на МАНУ, Македонско - кинеска поетско - преведувачка работилница во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Терминолошка работилница „Неологизмите во македонскиот јазик“ чиј организатор е Лексикографскиот центар „Ѓорги Старделов“ исто така при МАНУ. вг/нд/

Фото: Плакат МАНУ

Остани поврзан