• сабота, 23 ноември 2024

Почнува проектот за поддршка на АЦВ во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството

Почнува проектот за поддршка на АЦВ во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Конференција по повод започнувањето на новиот твининг лајт проект „Поддршка на Агенцијата за цивилно воздухопловство во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството“, финансиран од ЕУ, а во реализација на Хрватската агенција за цивилно воздухопловство и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје.

Конференцијата, како што е наведено во соопштението од АЦБ, ќе ја отвори министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а поздравни обраќања ќе имаат и високиот преставник на Делегацијата на ЕУ во РСМ, Бого Феручио, како и директорите на воздухопловните власти на Хрватска и Северна Македонија, Ана Капетановиќ и Томислав Тунтев. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан