Национален форум на Цивика мобилитас
- Во Скопје денеска ќе се одржи Националниот форум на Цивика мобилитас, кој се организира заедно со Владата на Република Северна Македонија.
Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи Националниот форум на Цивика мобилтас, кој се организира заедно со Владата на Република Северна Македонија.
Како што информираат организаторите, учесниците на форумот ќе ги поздрави амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Улман, а главни говорници на настанот ќе бидат Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Александар Кржаловски, лидер на тимот на Цивика мобилитас и Игор Јанушев, генерален секретар на Владата.
-Покрај нив, со претставниците на граѓанските организации ќе дебатираат и Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Весна Јаневска, министерка за образование, Златко Перински, министер за локална самоуправа, Зоран Љутков, министер за култура и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. Дискусиите ќе се фокусираат на можностите за подобрување на соработката помеѓу Владата и министерствата и граѓанските организации, велат организаторите на Настанот.
Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Владата на Швајцарија, а ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска, и ФЦГ од Шведска. сст/са/
фото МИА архива