• вторник, 24 декември 2024

Панел-дискусија „Безбедносна размена и заемни операции меѓу НАТО и Европската Унија“

Панел-дискусија  „Безбедносна размена и заемни операции меѓу НАТО и Европската Унија“

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - На Универзитетот Американ колеџ Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема „Безбедносна размена и заемни операции меѓу НАТО и Европската Унија“.

Организатори на настанот се Универзитетот Американ колеџ Скопје и Амбасадата на Унгарија, а по повод унгарското претседателство со Советот на Европската Унија.

Како што информира УКС, поздравно обраќање на панелот ќе има амбасадорот на Унгарија во Северна Македонија, Андреас Клајн, а како главни говорници се поканети Петер Штарај, државен секретар на Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, одговорен за безбедносна политика и енергетска безбедност, и Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања на македонската Влада.

Модератор на дискусијата ќе биде Марина Андева, вонреден професор на Универзитет Американ колеџ Скопје. По излагањата ќе следува сесија за прашања од публиката. Работен јазик на настанот е англискиот. хс/са/

Фото. Американ колеџ Скопје  

Остани поврзан