• вторник, 12 ноември 2024

Отворен кабинет на МВР во Струмица

Отворен кабинет на МВР во Струмица

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Во СВР Струмица денеска започнува „Отворен Кабинет“ на Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат оттаму, пред приемот на странки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе оствари состанок со раководството на СВР Струмица. 

Министерот Спасовски ќе оствари состанок и со градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, по што ќе се упатат кон СОУ „Јане Сандански" каде ќе биде реализирана превентивната кампања „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“. свс/нд/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан