• среда, 27 ноември 2024

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Скопје, 4 јуни 2023 (МИА) - Оркестарот на Филхармонија денеска ќе гостува во Ниш во рамки на седмиот Меѓународен фестивал за духовна музика „Музички Едикт“.  

Оркестарот на Филхармонија ќе настапи во комплексот на Соборната црква во Ниш, со изведба на „Хорска Фантазија“ за пијано, хор и оркестар, опус 80 од Лудвиг ван Бетовен.

Диригент е Хаџи Јаков Милутиновиќ, а како солисти ќе настапат Катарина Симоновиќ-Иванковиќ (сопран), Маријана Радосављевиќ (сопран), Александра Ристиќ (мецосопран), Саша Арсенков (тенор), Никола Стаменковиќ (тенор), Лазар Лазаревиќ (баритон) и Андреј Цинцаревиќ (пијано).  

Настапуваaт и хорот од Факултетот за уметност во Ниш „Маестрини“ и хорот на РТС од Белград, наведуваат од Филхармонијата. вг/бак/

 

Фото: Филхармонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан