• сабота, 23 ноември 2024

ОПМ во Битола ќе ги претстави активностите од проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“

ОПМ во Битола ќе ги претстави активностите од проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска во Битола ќе ги претстави активностите од проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги (Enforce Consumer Rights in Financial Services)“, финансиран од ЕУ, преку Европската организација за заштита на потрошувачите (BEUC).

-Целта на нашите активности е да ја подобриме положбата на потрошувачите и да обезбедиме нивна подобра заштитата, особено во доменот на финансиските услуги, во случаите кога голем број потрошувачи се оштетени од еден ист давател на услуга, со што ќе придонесеме за подобра колективна заштита на правата на потрошувачите. Колективната заштита на правата на потрошувачите е уредена со Законот за заштита на потрошувачите, а се очекува и усвојување на Предлог-законот за парничната постапка со која како новина се предвидува поднесувањето тужба за заштита на колективни интереси и права против физичко или правно лице кое со вршење на одредена дејност или воопшти со постапување или пропуштање потешко ги повредува или сериозно ги загрозува таквите колективни интереси и права, наведува ОПМ.

Додава и дека на средбата ќе стане збор за законската и институционалната рамка за колективна заштита на потрошувачите, возможноста за судска заштита и алатките кои се на располагање за заштита на колективните интереси, при што во фокусот ќе биде дигиталната алатка „ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ ЗА ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ“.

ОПМ потсетува и дека од јуни 2024 година е овластено тело за заштита на колективните интереси и права на потрошувачите. мч/нд/

фото: МИА архива

 

 

 

 
 

Остани поврзан