• среда, 27 ноември 2024

Светски ден на книгата и авторското право - 23 Април

Светски ден на книгата и авторското право - 23 Април

Скопје, 23 април 2023 (МИА) - Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април, востановен од УНЕСКО во 1995 година.Овој датум се празнува секоја година глобално, како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, со настан кој ќе се одржи утре во просториите на Библиотеката со читање извадоци од романот „Дон Кихот“, а ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова.-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата, порачуваат од Националната и универзитетска библиотека.Поддршка и оваа година НУБ доби од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и издавачките куќи Арс ламина и Арс – студио. вг/са/

Остани поврзан