• недела, 17 ноември 2024

Одбележување на Светскиот ден на акредитацијата

Одбележување на Светскиот ден на акредитацијата

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Под мотото „Акредитација. Зајакнување на утрешнината и обликување на иднината“ денеска Институтот за акредитација, како единствено национално тело за акредитација, ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата.

Во рамки на свеченоста ќе биде промовиран „Билтенот за работа на ИАРСМ за 2023 година“ и ќе бидат врачени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност, во периодот од јуни 2023 до јуни 2024 година.

Како што најавуваат организаторите, поздравно обраќање на настанот ќе има претставник од Владата.

- Како и секоја година, и годинава се очекува присуство на бројни гости – претставници на јавниот сектор, научно-образовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари, информираат од Агенцијата за акредитација. фф/бак/

Фото: Институт за акредитација

Остани поврзан