• четврток, 26 декември 2024

Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации Рита Колумбиа ќе се сретне со Гаши

Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации Рита Колумбиа ќе се сретне со Гаши

Скопје,  26 септември 2024 (МИА) - Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации во земјава Рита Колумбиа денеска ќе го посети Парламентот. 

Како што информира собраниската прес-служба, Колумбија ќе се сретне со претседателот на Собранието Африм Гаши.  

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 18 овој месец  ја прими Колумбиа и разговараа за тековните активности и проекти кои со поддршка на Организациите на ОН се реализираат кај нас, како и за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети. мд/аа/

Фото: Принтскрин 
 

Остани поврзан