• среда, 25 декември 2024

Николоски и Трајановски во работна посета на општина Кавадарци

Николоски и Трајановски во работна посета на општина Кавадарци

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски денеска ќе престојуваат работна посета на општина Кавадарци.

Како што информираат од прес-службата на Министерството за транспорт, Николоски и Трајановски ќе извршат увид во градежни активности на улицата „Ѓорѓи Соколов“.

Потоа, како што се наведува во најавата, ќе изврши презентација на предлог проект за Обиколница. Од Министерството најавуваат изјава за медиумите на Николоски и Трајановски во холот на општина Кавадарци. фф/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан