• среда, 20 ноември 2024

Николовски ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии

Николовски ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за мали семејни винарии.

Грантот, како што соопштуваат од МЗШВ, е за набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице енолог во овие винарии.

На настанот, што ќе се одржи во хотел Парк во Неготино, ќе се обрати министерот Николовски. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан