• четврток, 26 декември 2024

Наташа Сарџоска ќе гостува на поетскиот фестивал „Поетски портрети“ во Рим

Наташа Сарџоска ќе гостува на поетскиот фестивал „Поетски портрети“ во Рим
Скопје, 14 април 2023 (МИА) - Македонската поетеса, писателка, преведувач и антрополог Наташа Сарџоска по објавата на поетската книга „Живо месо“, поетски избор на шпански јазик во авто-превод во Мексико за издавачката куќа „Охед“, денеска ќе гостува во Рим на големиот поетски фестивал „Поетски портрети“.

Сарџоска ќе настапи со песни објавени во италијанското издание на поетската книга „Крстна коска“ кај издавачот „Интерно Поезија“, а своите песни ќе ги чита на македонски јазик. Поетската манифестација се одржува во големиот Аудиториум Кончилијационе во близина на Базиликата Свети Петар, а ќе биде во целост покриен од италијанската радио-телевизија „РАИ Култура“ и е под покровителство на Фондационе Рома.

Сарџоска е прва македонска поетеса поканета на овој свечен меѓународен поетски фестивал кој оваа година се одржува по шеснаесетти пат и на кој ќе учествуваат поети од Италија, Шпанија, САД, Кина, Аргентина, Иран, Велика Британија, Шведска, Естонија и Грција.фф/са/

Фото: Архива на поетесата Наташа Сарџоска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан