• среда, 25 декември 2024

Настан „Патување низ времето со кралицата Марија - Игрифицирано искуство низ средниот век“

Настан „Патување низ времето со кралицата Марија - Игрифицирано искуство низ средниот век“

Скопје, 15 септември 2024 (МИА) - Настан „Патување низ времето со кралицата Марија - Игрифицирано искуство низ средниот век“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Storytelling Skopje, а во партнерство со ХАЕМУС и Музеј на Македонија.

Како што влеат организаторите, се работи за вистинска авантура која буквално пред очите на посетителите го оживува наследството од средновековниот период на Скопје и ги враќа учесниците директно во 14. век, воведувајќи ги во животот и времето на кралицата Марија Палеологова и нејзиното пристигнување на кралскиот двор во Скопје.

-Ова игрифицирано искуство е исполнето со мистерија, загатки и разни потраги кои се случуваат на Скопското кале, правејќи ја историјата жива на забавен и интерактивен начин за сите возрасти. За комплетно уживање, на крајот од авантурата ќе следи бесплатно VR искуство. Ова искуство ќе им овозможи на посетителите со помош на VR наочари низ видео игра да се движат низ виртуелно реконструираната средновековна палата на Скопско кале и да решаваат загатки, за да може да го пронајдат тајниот предмет којшто ѝ припаѓал на средновековната владетелка Марија Палеологова, велат организаторите.

Настанот се организира во рамките на манифестацијата „Европски денови на наследството“ како дисеминација од европскиот проект 'SheLeadersVR' поддржан од програмата Creative Europe. вј/ев/

Фото: ХАЕМУС

Остани поврзан