• петок, 27 декември 2024

МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“

МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ што се одржува во БиХ. 

Претставата е од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал.бт/са/

Фото: НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

Остани поврзан