• сабота, 28 декември 2024

Министерот Николовски на регионалната конференција „Grow up“ во Копаоник

Министерот Николовски на регионалната конференција „Grow up“ во Копаоник

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски учествува на регионалната конференција „Grow up“ што вчера и денеска се одржува во Копаоник, Република Србија.

Конференцијата е во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а Николовски и министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ ќе имаат обраќања на тема „Регионална поврзаност како можност за развој".

-Ќе разговараме, разменуваме мислења и идеи. Само заедно и сплотени ќе ги постигнеме нашите цели и интереси за прогрес и развој на нашите земји, најави Николовски на својот фејсбук профил. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан