Министерката Јаневска на промоција на новата Стратегија за образование на возрасните 2025-2030
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска ќе се обрати на промоцијата на новата Стратегија за образование на возрасните 2025-2030.

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска ќе се обрати на промоцијата на новата Стратегија за образование на возрасните 2025-2030.
Како што соопштија од Министерството за образование и наука, настанот е во организација на ЈУ Центар за образование на возрасните, а ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност. вг/са/
Фото: МИА Архива