• среда, 25 декември 2024

Меѓународен симпозиум „Фолклористиката и културното наследство“

Меѓународен симпозиум „Фолклористиката и културното наследство“

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје денеска ќе го организира XXII Меѓународен симпозиум на тема „Фолклористиката и културното наследство“.

Како што соопшти Институтот, свои согледби за фолклорот и културното наследство ќе презентираат околу 50 учесници од Северна Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Украина, Полска и од Косово.

Симпозиумот ќе биде свечено отворен со поздравни обраќања и со настап на учениците од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ - Скопје. хс/са/

Фото: принтксрин од програмата на симпозиумот 

Остани поврзан