• сабота, 23 ноември 2024

Поддршка од девет милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата

Поддршка од девет милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата

Скопје, 10 јануари 2024 (МИА) - Во Министерството за одбрана денеска министерката Славјанка Петровска ќе се сретне со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и со амбасадорот Томаж Ловренчич, директор на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност (ИТФ), која ќе ја имплементира поддршката од девет милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

По средбата, како што соопштија од МО, министерката Петровска и директорот на ИТФ, Ловренчич ќе потпишат Меморандум за разбирање. цр/лв/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан