• недела, 24 ноември 2024

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Северна Македонија

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Северна Македонија

Скопје, 25 април 2024 (МИА) - Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде предадена донација од 76 моторни возила од Кралството Норвешка. 

- Седумдесет и шесте моторни возила, од кои триесет и шест се лесни пешадиски моторни возила од типот Мерцедес бенз- 290ГД, Мулти 2 и четириесет товарни моторни возила камиони Сканија-П3, се последен од досегашните многубројни проекти на континуирано одличната соработка во полето на одбраната помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Норвешка, велат од Министерството за одбрана.

На настанот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Кралството Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка.

На чинот на официјалното предавање ќе присуствува и раководството од Министерството за одбрана и Генералштабот, генерали во Армијата и команданти од единици. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан