• недела, 24 ноември 2024

Старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик

Старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик

Ресен, 18 март 2024 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе изврши увид во проектот за реконструкција и адаптација на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“  во преспанското село Љубојно.

Како што најавија од Министерството за култура, заедно со Костадиновска-Стојчевска увид ќе извршат и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска и професорот од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и претседател на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов.

Старото училиште „Димитар Влахов“, како дел од споменичната целина Љубојно, е во режим на заштита од 2020 година. По неговото автентично обновување, ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“.бт/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан