• среда, 25 декември 2024

Костадиновска-Стојчевска и Битиќи на увид во реновирањето на просторот на Националниот џез оркестар

Костадиновска-Стојчевска и Битиќи на увид во реновирањето на просторот на Националниот џез оркестар

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Министерката за култура во техничката Влада Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на ТАВ констракшнс, Фатин Кан и претставници на Националниот џез оркестар, денеска ќе извршат увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на Националниот џез оркестар.

Адаптацијата на просторот е овозможена со средства од ТАВ програмата и дел од Министерството за култура од каде што е обезбеден и проектот за реновирање.

Просториите со одлука на Владата беа доделени на трајно користење на Националниот џез оркестар. Просториите се наоѓаат во подрумскиот дел на Националната опера и балет (стара Килимара). дма/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан