Концерт на „Трио Академико“ на фестивалот „Златна лира“
- На фестивалот „Златна лира“, организиран од Сојузот на музичките уметници на Македонија-СМУМ, вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи „Трио Академико“ кое го сочинуваат Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано.
Скопје, 18 октомври 2025 (МИА) - На фестивалот „Златна лира“, организиран од Сојузот на музичките уметници на Македонија-СМУМ, вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи „Трио Академико“ кое го сочинуваат Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано.
На програмата се дела од Ерик Евејзен, Ернест Блох, Луиџи Занинели, Дмитри Шостакович, Давор Јордановски
Како што информра СМУМ, камерниот состав „Трио Академико“ настапува 15-ина години на значајни подиуми во земјава и регионот, „со програми што воспоставуваат дијалог меѓу класичниот и современиот музички израз, со особен акцент на промоцијата и интерпретацијата на македонското композиторско творештво“.
-Триото гостувало во Софија (КИЦ на РСМ), Созопол („Солеј“), Осиек („Интервокс“), како и во Белград, Нови Сад, Прага и Пеќ, градејќи препознатлив ансамбловски звук и стилска доследност. Рецензиите ги истакнуваат нивните настапи како пример за камерна усогласеност, со нагласен дијалог меѓу трите тембри. Составот е активен промотор на македонската камерна традиција, често претставувајќи нови дела од домашни композитори, посочува СМУМ. хс/ац/
Фото: „Златна лира“