• среда, 16 октомври 2024

Концерт на мултиинструметалистката Бајса Арифовска во Филхармонија

Концерт на мултиинструметалистката Бајса Арифовска во Филхармонија

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) – Концертот „Балканско виножито“ на мултиинструметалистката Бајса Арифовска ќе биде  одржан вечер од 20 часот во Филхармонија. 

Концерот е најавен како колаж на посовремен етно и и етно џез призвук во изведба на виртуози од регионов.

На Бајса во малата сала на Филхармонија ќе ѝ се придружи и светски докажаниот и врвен инструменталист на кавал Недјалко Недјалков.

На концертот учествуваат и Ивајло Димитров – (Р.Бугарија) и Душко Георгиевски – вокални солисти, Дамир Имери – пијано и клавијатури, Иван Бејков – бас, Ратко Даутовски - перкусии, Емил Адамски - зурла и гајда и Бајса Арифовска Димитрова – кавал, тамбура,кларинет,ут, виолина.

На програмата се дела и обработки од Н.Недјалков, Д.Имери, Б.Арифовска.

Фото: МИА архива

Остани поврзан