• среда, 18 декември 2024

Конференција „Локални политики за Охрид: Чиста вода, воздух и урбанизација“

Конференција  „Локални политики за Охрид: Чиста вода, воздух и урбанизација“

Охрид, 14 декември 2024 (МИА) - Конференција насловена „Локални политики за Охрид: Чиста вода, воздух и урбанизација“ ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Демократска обнова на Македонија – ДОМ, НВО „Зелена планета за сите“ и Еколошко друштво „Грашница“.

На конференцијата, како што велат организаторите, ќе се дискутираат клучни теми како што се заштитата на природните ресурси, справувањето со аерозагадувањето и предизвиците поврзани со урбанизацијата во Охрид и Охридскиот регион. Преку отворен дијалог, целта е да се отвори дискусија за креирање одржливи решенија кои ќе го зачуваат Охрид како природно и културно наследство.

Настанот претставува можност за граѓанските организации и сите заинтересирани чинители да ги споделат своите ставови и да придонесат за креирање зелени политики кои ќе гарантираат чиста вода, воздух и просторно планирање за Охрид. дма/нд/

Фото: Лого

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан