• четврток, 26 декември 2024

Конференција „Користење на моментумот за проширување во променетата Европска безбедносна средина“

Конференција „Користење на моментумот за проширување во променетата Европска безбедносна средина“

Скопје, 2 декември 2023 (МИА) - Регионалната конференција „Користење на моментумот за проширување во променетата Европска безбедносна средина“ денеска и утре ќе се одржува во Скопје. Организатори се Прогрес Институт за социјална демократија и Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска.

Според програмата, денеска ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, пратеникот и претседател на Комитетот за надворешни работи на Финска Кимо Килјунен, директорот на Фондацијата „Калеви Сорса“ Лаури Финер, извршниот директор на Прогрес Институт за социјална демократија Сашо Додовски.  Во попладневниот дел ќе се обрати потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска. 

Во рамки на конференцијата, утре на тема „Очекувања: Земјите од Западен Балкан во ЕУ“ ќе се обратат вицеремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, заменик-министерката за внатрешни работи и претседателка на Советот на општина Тирана Ромина Куко, шведската пратеничка Азра Мурановиќ и градоначалникот на општина Стари Град во Сараево Ирфан Ченгиќ.   

На регионалната конференција ќе има учесници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

 

 



 


            

Остани поврзан