• вторник, 20 јануари 2026

Комеморација во чест на Драган Б. Костиќ

Комеморација во чест на Драган Б. Костиќ

Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска ќе се одржи комеморација во чест на легендарниот радиоводител Драган Б. Костиќ, кој почина по кратко боледување на 20 декември 2025 година.

Комеморацијата ја организираат семејството Костиќ и тимот на продукцијата „Диско селектор“. 

- Собирот е отворен за сите што сакаат да му оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и на оставнината на Драган Б. Костиќ - се наведува во поканата за комеморацијата.

Драган Б. Костиќ е роден 1950 година во Скопје. Кариерата ја почнал во тогашното Радио Скопје прославувајќи се како со својот глас така и со емисиите „Диско селектор“, која се емитуваше во јуни 1974 година, и „Заборави ако можеш“, која ја водеше од 1991 година.

Костиќ беше еден од најпопуларните радиоводители, музички новинари, еден од легендарните скопски диџеи и голем колекционер на музика. Костиќ прослави 50 години од радиоемисијата „Диско селектор“ со настанот „Последниот танц“ во арената „Јане Сандански“.

Во последните години беше познат и по своето телевизиско шоу „Б со точка“ и со онлајн-емисијата „Кавервил“. мд/са/

Фото: Фејсбук 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан